Видовме дека домашното производство е најсигурно и најефтино.
Се докажа важноста на земјоделското производство како стратешка гранка во пандемии и војни. Не може да се рачуна на увоз во секое време.
Затоа час поскоро, државата да застане зад овој модел на производство, да ги седне на една маса земјоделците, агробизнисмените и преработувачите и откупувачите и да направи се’ да се насеа и насади секоја педа земја. Има сеуште време за пролетни култури (сончоглед, пченка..) а да се направи план за есенската сеидба (пченица, јачмен, маслодајна репка…)
Храната кога ќе се обезбеди, ќе работи и стопанството, а ќе има и многу нови вработувања. Цели фамилии сами ќе си обебзедуваат приход, произведувајќи за поголемите кои ќе имаат решен откуп и пласман.
Имаме услови за ова да се реализира, знам. Покажавме со договорното за сончоглед, пченка и органската пиперка.
Фејсбук статус на Ленче Николовска
]]>


