За брзо возење вчера изречени 297 санкции

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 297 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното,  а две возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

МВР соопшти дека  206 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакнуваат од МВР.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести