По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка градина се родија лавчиња

„На Светскиот ден на среќата, со вас споделуваме една најсреќна вест- Во Скопје ЗОО после повеќе од 20 години се родија лавчиња“, објави скопската Зоолошка градина на својата страница на Фејсбук.

„Голема радост на сите вработени ни донесе мама Бела пред неколку дена кога на свет дојдоа три бебиња лавчиња. Мајката Бела која во Скопје дојде од Германија е постојано со нив и деноноќно се грижи за лавчињата. Таткото Чака пак потекнува од Франција, а жител на Скопје ЗОО е од 2020 година. Сите вработени се сложни дека ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошка градина Скопје и постојано внимаваме мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што моментално се под постојан надзор. Посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште, а кога ќе го дознаеме и полот на трите лавчиња ќе може да учествуваат во давање на имиња на овие преубави бебиња“, соопштија од Зоолошката градина.

]]>

Најчитани вести