Според Ковачевски, да се биде премиер во време на светска криза, кога цените се на историски највисоко ниво по Втората светска војна, е голема одговорност.
Тој порача компаниите да ги користат мерките на Владата и да инвестираат, а државата е тука, нагласи, да им помогне и да го следи нивниот развој.
-Годината пред нас е полна со предизвици, но заеднички ќе ги премостиме. Со владиниот тим правиме се за да го заштитиме стандардот на граѓаните, а тоа го потврдивме и со покачувањето на минималната плата и пензиите. Обезбедивме помош за најранливите категории, како и енергетски додаток за околу 6 500 граѓани, а за 35 000 семејства овозможивме да продолжи Програмата за покривање на енергијата и огревот. Ја докажуваме одговорноста и посветено работиме за да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови, потенцира премиерот.
МИА
]]>


