

Минатата година имале лошо искуство со неквалитетен расад, затоа годинава најголемиот дел од расадот ќе го набават од друг искусен земјоделец за производство на расад, за да бидат сигурни во производството и висината на родот.

Сепак, велат дека сакаат да го совладаат и овој дел од производството на органски пипер бидејќи ланското искуство како дел од проектот „Договорно производство на органска пиперка“ им покажало дека со помали вложувања, а повисока откупна цена и субвенции, повеќе се заработува. Лани активноста се спроведуваше со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.

Во продолжение погледнете го видеото во кое се објаснува засејувањето на семето и другите агротехнички мерки. Преку Агротим ќе го следиме целиот процес на производство преку вакви едукативни видеа со кои сакаме да покажеме дека органското производство не е комплицирано, а се добива висок и квалитетен род.


