„Победивме против една од најдобрите селекции во светот, Италија, актуелниот европски првак, на гости. Нема да застанеме тука, не чека уште еден последен чекор за да стигнеме до Светското првенство. На пат сме да потврдиме зошто сме меѓу 20-те најдобри тимови во Европа“, рече Милевски на денешната прес конференција.
Toj рече дека веќе го знае тимот кој утре ќе им се спротивстави на Португалците и дека здравствената состојба на тимот е стабилна.
„Сигурен сум дека не очекува сосема поразличен натпревар од оној против Италија. Најважно е да го реализираме тоа што ќе се договориме, да се почитува секој момент од подготовките, a потоа на терен ќе се види кој за што бил подготвен и дали ќе одлучи на крај колективот или индивидуалните квалитети“, рече Милевски.
Милевски јасно стави до знаење дека неговиот тим е во Португалија за да победи утре на стадионот „Драгао“ и да си обезбеди присуство во финалето на Светското првенство.
„Северна Македонија очигледно не е фаворит за овој натпревар, но ние имаме свои квалитети и не случајно сме тука. Ќе видиме што ќе се случи и не вреди да се зборува за големиот квалитет на Португалија, која има добро познати играчи ширум светот и можеше да направи разлика во секое време. Ќе бидеме исправени пред предизвикот, сигурен сум во тоа, бидејќи не дојдовме овде за туризам, туку да дадеме се од себе и да победиме“, рече тој на прес-конференција.
„Никој никогаш не очекуваше дека Македонија ќе биде во овој плејоф, но нема да ја потрошиме оваа можност. Пораката што веќе им ја дадов на играчите е да уживаат во овој посебен момент што го имаат, да го искористат максимумот, бидејќи натпревар со вакво значење не се случува секој ден“, заклучи Милевски.
]]>


