Исчезна Исак Дрогба, 21-годишниот син на легендарниот напаѓач на Челзи, Дидије Дрогба, објавија англиските медиуми.
Исак има договор со потугалскиот второлигаш „Академик“, но тој не е виден во клубот од јануари, а одговорните лица во клубот не знаат каде е.
Она што е познато е дека младиот Дрогба во јануари побарал од клубот да го пуштат да оди во Франција за да полага некои испити. Оттогаш никој не го видел во клубот.
„Тој е забавен, брз и технички талентиран напаѓач, но треба да се гради. На играчите кои доаѓаат од странство им треба малку време да се прилагодат, а тој тоа време го немаше. Замина и не знаеме дали ќе се врати. Имавме договорен датум кога требаше да се врати во клубот, но тој не се појави. Оттогаш не слушнавме ништо за него“, изјави тренерот на У-23 тимот на „Академик“, Мигел Карваљо.