Тој додаде дека не ја знае причината зошто одредени политички партии го саботираат пописот, кој е важен за идното планирање на државата.
„Пописот е спроведен во согласност со сите стандарди на Обединетите Нации и препораките на Евростат. Имаме и признание од релевантни институции дека пописот е спроведен како што треба“ рече Каевски.
Тој додаде дека наместо да се дискутира за тоа која заедница колку е застапена, акцетот треба да се стави на прашањата зошто има иселување на младите и колку градови останаа без сериозна бројка на граѓани.
„Верувам дека во периодот што следи ќе ги извлечеме поуките и политичките партии, претежно од опозицијата, нема да создаваат магла и делување што ја отежнува целата работа, туку ќе изградат став за сериозни прашања врз кои треба да делуваме“ рече Каевски.
]]>


