Санкционирани се 249 возачи во вчерашаната акциска контрола во областа на сообраќајот спроведена на територија на град Скопје, од кои 60 се за возење повеќе од дозволената брзина, 44 за возење под дејство на алкохол, а 31 за возење без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за возач почетник…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.
МИА
]]>


