„Би сакал да го глумам капетанот Немо, поради љубовта на тој лик кон океанот, што ја споделувам со него“, рече Кејџ, а запрашан дали го нервираат репликите на неговите ликови што луѓето ги извикуваат јавно, додаде: „Немам проблем со ниту еден цитат. Мило ми е што се сеќаваат на моите филмови“.
Ѕвездата сподели и колку му се допаѓало да работи на неговиот последен филм „Свиња“, бидејќи тој бил „тивок“ и „природен“.
„Ви благодарам. Сакав да се вратам на потивок, природен стил на снимање филмови откако направив серија луди улоги. Мојот филм повеќе личи на народна песна или стихотворба, а мојот лик Роб се бори со голема тага, како и јас – со наметната изолација и мислам дека ние како луѓе кои ја доживуваме пандемијата 2020-21 веројатно имаме слични чувства на загуба и изолираност. Ова е еден од моите омилени филмови и веројатно моето најдобро дело“, истакна 58-годишниот глумец.
МИА
]]>


