(ВИДЕО) Спасовски: Пријавата за ракометарот до МВР дојде од Клиника, од дискотеката повикале брза помош

„МВР добива информација за настанот кога пациентот се наоѓа во Клиничкиот центар. Претходно немавме никаква пријава за нарушен јавен ред и мир, тепачка или нешто слично пред објектот“, кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека во 3 часот и 33 минути е повикана брза помош од дискотеката за лице кое лежи во бессознание. Брзата помош го зема лицето и го носи во болница во 3 часот и 54 минути, додека пријавата во МВР направена од Клиничкиот центар е во 4 часот и 11 минити.

„Од Клиничкиот центар јавуваат дека е донесен пациент во бессознание, без срцева акција и без видливи траги на насилство. Тогаш се вклучуваат колегите од МВР, при што една екипа оди во болницата по што започнуваат нашите дејствија и активности“, рече Спасовски.

Министерот додаде дека вработените во СВР Скопје ги обезбедуваат сите податоци, информации и докази и дека во рок од 24 часа се открива целиот случај и се расчистува убиството.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести