Петровска – Мекбеин: Северна Македонија е сериозно посветена на реформските процеси во одбраната

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството за одбрана оствари средба со помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбеин, кој го предводи тимот на НАТО за време на дводневните редовни билатерални разговори меѓу нашата земја и  НАТО во рамки на НАТО процесот на одбранбено планирање.

Министерката Петровска ја истакна посветеноста за континуитет во развојот на одбранбените способности на Северна Македонија со цел исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во Алијансата. Уште еднаш ја истакна цврстата определба на нашата држава за долгорочно и стабилно финансирање на одбранбените трошоци согласно заклучоците од Самитот на Алијансата во Велс и достигнување на 2% од БДП до 2024 година. Таа додаде се работи во континуитет на реформите во одбраната и посочи дека е достигнатото ниво од над 30% од Буџетот за одбраната наменети за модернизација и опремување на вооружените сили преку набавка на нова опрема.

Министерството за одбрана посветено работи на развојот на целите на способности и свесни сме за предизвиците, посебно во контекст на новата безбедносна ситуација во Европа – беше речено на средбата.  

Помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбејн го поздрави фокусот на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на реформските процеси, зголемувањето на Буџетот за одбраната и модернизацијата на опремата. Тој изрази задоволство од ефикасното инвестирање на средствата за Армијата на Северна Македонија за клучните проекти во согласност со НАТО целите на способности. Воедно, беа споделени препораки за одржување на плановите за раст на буџетот во одбраната, како и за реализација на приоритетите за опремување и модернизација на вооружените сили и севкупните обврски од Целите на способност и реализација до 2027.

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ посочи дека поради актуелната безбедносна ситуација во Европа, потребата за вложувањето во безбедноста и одбраната е поочигледна од кога било досега.

Билатералните разговори се редовна годишна активност во рамките на НАТО процесот на одбранбено планирање. Дискусиите меѓу експертските тимови на Северна Македонија и НАТО се одвиваа во шест различни области, преку кои се евалуира статусот на реформите во одбраната, напредокот во развојот на одбранбените способности и идните планови.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести