Во Скопје денеска ќе се одржи работилница за усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата.
Работилницата е организирана од Меѓународната организација на трудот и Здружението за трудово и социјално право. Најавено е присуство на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
– Во насока на одлуката на Економско-социјалниот совет за поддршка на иницијативата за ратификација на Конвенцијата бр.190, нацрт анализата ќе биде тема на презентацијата и дискусијата на оваа работилница, најавуваат организаторите.
]]>


