Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, во друштво на поранешниот министер за здравство и потпретседател на СДСМ Венко Филипче, присуствуваа на Конгрес на грчката опозициска партија Сириза на чело со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.
-Кога никој не веруваше и сите беа скептици, јас и Заев бевме визионери и им пркосевме на сите стереотипи, успевајќи од два непријателски да направиме пријателски народи – рече Ципрас говорејќи за Заев, што беше поздравено со аплауз и овации од присутните.