Полициски службеници од СВР Штип и ОВР Кочани вчера по судска наредба ги лишиле од слобода С. А. (20) и Н. А. (21) двајцата од Кочани, затоа што по извршен претрес во домот едниот од нив во Кочани била пронајдена прашкаста материја и други предмети.
– На 15.04.2022 во времето од 15:00 до 16:00 часот во Кочани по претходна судска наредба од Основен суд Кочани од полициски службеници од СВР Штип и ОВР Кочани се лишени од слобода С. А.(20) и Н. А.(21) двајцата од Кочани, затоа што по извршен претрес во домот на С.А. во Кочани пронајдена и одземена е прашкаста материја и други предмети, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
MИА
]]>


