Во зајакната полициска контрола вчера вечерта во периодот од 22:00 до 04:00 часот санкционирани се 175 возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од нив 35 на територија на СВР Штип, 24 на територија на СВР Скопје, по 20 на територија на СВР Охрид и СВР Куманово…
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
]]>


