
На фотографиите може да се забележи распаднатата фасада на владата, која беше направена во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

„Криминалот на режимот на ДПМНЕ ден денес го плаќаме…“, напиша Богоев во описот на фотографиите.
На почетокот на месецов обинителството отвори истрага за фасадата на зградата на Владата.
Првоосомничениот во истрагата за фасадата на зградата на Владата, кој е управител на фирма и се товари дека го изиграл тендерот, заврши во 30-дневен притвор, додека второосомничениот, кој бил службено лице кое раководело со државен орган, доби куќен притвор.
Договорот бил изигран бидејќи елементи од фасадата не бил изведени со материјалите што биле предвидени во договорот.
„Подизведувачот што го ангажирал за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за изведба на декоративни и фасадни елементи и изведба на каменорезачки работи за објектот на Владата не ги испочитувал одредбите од подизведувачкиот договор и извршил монтажа на декоративни фасадни елементи изработени од материјал што не соодветствувал на материјалот предвиден во основниот проект“, изјавија од Обвинителството, за „360 степени“.
Второосомничениот – службеник, за кој обвинителството не наведе иницијали и го опиша како „раководно лице на оган на државната управа“, пак, со умисла не давал забелешки и дозволил да се користат материјали што ги немале потребните карактеристики.
]]>


