Наспроти нивните објави, на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Путин воопшто не бил таму, туку бил снимен претходно и потоа додаден.
Во видеото објавено од „РТ“, Путин стои пред икона во црквата, каде традиционално оди за Велигден, држи свеќа во раката и вели „Навистина вокресна“, како одговор на „Христос вокресна“, кажано од патријархот Московски и на цела Русија Кирил за време на полноќната миса, а во вториот кадар си ја „гризе“ устата.
Во снимките што кружат на социјалните мрежи и со кои се тврди дека Владимир Путин воопшто не присуствувал на големата велигденска миса во московската црква, Путин го нема таму каде што стоеше претходно.
На социјалните мрежи се појави и видео од Владимир Путин и неговите телохранители во празна катедрала во Москва. Корисниците на Твитер тврдат дека ова е доказ дека Путин всушност бил однапред снимен во катедралата и дека тој од овие снимки потоа бил „додаден“ на снимката од велигденската миса, а причината за ова била токму инвазијата на Украина, која откако почна, Путин наводно одбивал да излезе во јавност.
Во видеото Путин стои пред иконата со круната, држи свеќа во рацете, а до него се гледа круната. Потоа следи снимка од свештениците, а иконата со круната е за нив, но не и Путин. Потоа повторно има снимка од Путин како стои до круната.


Во видеото, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, стои до Путин. Коментаторите на социјалните мрежи велат дека на спорните видеа и фотографии на Путин кои беа објавени, рускиот претседател носи вратоврски со различни бои, во видеото со празната црква е црна, а на фотографиите и другите кадри е црвена.
Сепак, има и снимки каде што додека е Путин во црквата и се одржува литургијата, внатре има и верници.


