
Спортскиот авион на Аеро клубот Скопје со кој беше донесен благодатниот оган беше управуван од пилотите Миле Зечевиќ и Дејан Саздов кој го превзедоа благодатниот оган кој потоа се пренесе до Епархиите на МПЦ ОА.

Министерството за одбрана и надворешни работи учествуваа во протоколарните подготовки, а горивото за летање на спортското летало беше приватна донација.

Добивањето на благодарниот оган од Ерусалим со кој се прошири веста за Христовото воскресение е голем настан за православниот свет во кој повторно се вклучи МПЦ Охридска Архиспоскопија благодарение на контактите и лобирањето на Епископот Партениј, пилотите Зечевиќ и Саздов, благословот од ГПЦ и подршката во организацијата на министерствата за одбрана и надворешни работи.
Извор: Канал5
]]>


