Збирката поезија „Лирски Елегии“ на Александар Саша Трајковски објавена на англиски јазик

„Лирски Елегии“ збирката поезија на македонскиот поет и доктор по професија Александар Саша Трајковски од Битола е објавена на англиски јазик.

„Лирски Елегии” или „Lyric Elegies” е достапна во печатена и електронска форма преку сајтовите на „Barnes & Noble“, ланец од книжарници ширум САД, „Apple Books“, „Smashwords“ и други платформи за литература во печатен и дигитален облик.

Книгата може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон.

Преводот на книгата од македонски на англиски јазик и лектурата на англиски јазик е дело на Зорица Врчковска.

Македонското издание на книгата беше објавено во 2021-та од Издавачката куќа „Дата Песнопој“.

]]>

Најчитани вести