Пропадна штрајкот на КСС, многу слаб одзив

Конфедерацијата на слободни синдикати го прекина најавениот протест пред Собранието поради, како што велат, притисоци врз членството.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски изјави дека денеска на вонреден состанок во Синдикатот ќе се одлучува за следните мерки, односно дали ќе се одржат најавените секојдневни едночасовни протести.

Тој за Радио Слободна Европа пред прекинот на најавениот протест изјави дека членовите на синдикатот се соочуваат со големи притисоци и закани дека може да ги загубат работните места. На најавениот собир пред протестот во Жена парк во центарот на градот се појавија околу стотина административни работници без транспаренти.

Сепак неофицијално штрајкот пропаѓа поради слабиот одзив и најавеното покачување платите во сите сектори.

Извор Центар.мк

]]>

Најчитани вести