Маричиќ: Имаме 45 посто усогласеност со ЕУ, кога ќе ги почнеме преговорите ќе бидат брзи и ефикасни

Одговарајќи денес на прашање на настанот организиран од Владата по повод 100 дена од стапувањето на должност на кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски, неговиот заменик за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека оваа влада „доби на маса тешки проблеми и сите мора да ги решава одеднаш“.

„По првпат оваа година воспоставивме систем на рационални разговори со Бугарија. Процесот не е веќе заробен само во историја и тој нов пристап дава резултати без разлика на сите пречки. Ги подобривме односите и ја интензивиравме комуникацијата. Добро е што Франција претседава со ЕУ затоа што е една од највлијателните држави во Унијата а претседателот Макрон силно се залага за евроинтеграциите“, рече Маричиќ.

„Северна Македонија е држава со најдолг кандидатски стаж од 17 години. Први го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација, тогаш во процесот бевме заедно со Хрватска која е денес веќе членка на ЕУ а ние сеуште чекаме да ги почнеме преговорите“, посочи Маричиќ.

Тој вели дека земјава има 45 процентно усогласување со ЕУ и тоа значи дека кога ќе ги почнеме преговорите тие нема да траат долго. „Од 2009 година добивме многу позитивни извештаи. Последниот извештај вели дека нивото на подготвеност на Северна Македонија е највисоко во регионот дури и повисоко од некои држави кои веќе преговараат како што се Србија и Црна Гора. Важно е да ни се даде прилика да започнеме. Нашите европски интеграции се долго време жртва на билатерални прашања. Време е да ни се валоризираат постигнувањата“, изјави Маричиќ и додаде дека „кога ќе ги почнеме преговорите подготвени сме да ги водиме брзо и ефикасно“.

Извор: Новатв

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести