Македонецот Зоран Петровски победи во бугарскиот „Survivor“: Секогаш насмеан и храбар

Фото: Скриншот БТВ

Зоран Петровски е победник на шестата сезона на шоуто „Преживеан: Скриениот идол“ на bTV.

Македонскиот режисер, кој глумеше и во ТВ серијата „Прикриени“, каде ја запозна жената на својот живот – актерката Силвија Петкова, прво ги прегрна неа и нивниот син, кога водителот Владо Карамазов го најави триумфот. Сива го гушкаше својот татко и среќно скокаше околу него. Зоран ја доби и главната награда од 150.000 лева, пренесоа бугарските медиуми.

„Чувството на победа е одлично. Ви благодарам! На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев вистински од почеток до крај“, изјави Зоран по прогасувањето за победник на бугарскиот „Survivor“.

]]>

Најчитани вести