(ФОТО) Aнџелина Џоли пристигна во Украина, холивудската ѕвезда фотографирана во Лавов

Една од најголемите холивудски ѕвезди на денешницата и специјален пратеник на УНХЦР за бегалци, Анџелина Џоли, денеска е забележана во неодамна гранатираниот украински град Лавов.

https://twitter.com/KyivIndependent/status/1520425268401389569

Според украинските медиуми, Џоли била видена во кафуле на западот на Лавов, каде некои од гостите успеале да ја фотографираат.

Војната во Украина веќе трет месец како не се смирува, а Џоли уште од самиот почеток апелира за мир и особено внимание на страдањата на бегалците.

Таа ги искористи своите социјални профили за да му ги приближи на светот неволјите на луѓето погодени од војната од првиот ден од започнувањето на руската агресија.

https://twitter.com/KyivIndependent/status/1520476378713534466

„Мојот фокус, заедно со моите колеги од УНХЦР, е да направиме се што е можно за да се обезбеди заштита и почитување на основните човекови права на бегалците од регионот“, напиша Џоли на почетокот на руската инвазија.

]]>

Најчитани вести