Децата секогаш знаат да смислат некои свои правила и тврдења и ретко кој не бил воодушевен од нивниот начин на размислување. Факт е дека тие сè разбираат многу подобро отколку што мислиме.
Ако овие детски изјави не ви го разубават денот, тогаш навистина не знаеме што друго би можело да го направи тоа:
- Кога мама ќе му се налути на тато, не ѝ дозволувај да те чешла
- Ако си добил лоша оценка на училиште, покажи ѝ ја на мајка ти додека зборува на телефон
- Кога му кажав на моето шестгодишно дете дека го чекам третото дете, тоа ме погледна шокирано и ми рече „Мамо, сигурно се шегуваш! Знаеш ли колку е тешко да се подигнат три деца?
- Мајката: Ах, во куќата е хаос. Синчето (4 години): Не грижи се, мамо. Наутро секогаш е средена. Само почекај и ќе видиш.
- Повеќе ја сакам сестрата на мајка ми, отколку мојата сестра. Сестрата на мајка ми ми е тетка, а мојата не ми е ништо!
- Мамо, дали ти е жал што си дебела?
- Полуостров е остров што се уште не е завршен
- Бабата е дебела затоа што е полна со љубов
- Сардините се жителите на Сардинија
- Не знам колку години имам, тоа постојано се менува
- Аквариумот е мало стаклено море во кое живеат домашни риби
- Има некои врати на кои има решетки, ако не си добар одиш таму и те нема
- Баба е жена која нема свои деца. И дедо е баба, само маж.
- Кравите не смеат да трчаат брзо за да не им се истури млекото.


