Една од најпознатите манекенки на денешницата, Кара Делевињ, се појави на Meт гала вечерта во провокативна комбинација. Присутните имаа можност да ја видат полугола, откако таа го соблече сакото и под него не носеше ништо друго освен накит.
29-годишната Кара на црвениот тепих пристигна во црвен костум, но набрзо го соблече горниот дел и покажа целосно голо торзо обоено во злато и голи гради оставаќи ѝ на имагинацијата на присутните многу малку.
Кара за прв пат прошета на црвениот тепих на Мет гала вечерта во 2011 година, но сите се согласуваат дека овогодинешното издание ги надмина сите нејзини претходни изданија.