Денес почина 41-годишната уметница Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка и водителка Јулија Мациевска, по долга и тешка борба со ракот.
Скршена од болка, Јулија се огласи на социјалната мрежа Фејсбук каде што напиша трогателна објава.
„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена роза, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница… боли, боли, боли“, пишува Јулија.
Пејачката претходно објави апел до нејзините пријатели и познаници да се молат за нејзината ќерка која се бори за живот на клиниката за онкологија.
Погребот ќе биде одржан утре, петок (13.5.2022) во 14ч., во капелата на градските гробишта Бутел.