За фустанот што сите го коментираат се огласи и Брена: Додека се убиваат жени, силуваат девојки, насликаните златни гради се проблем?!

Една од најголемите балкански пејачки ѕвезди на новогодишната програма на Нова ТВ настапи облечена во фустан што не престанува да крева прашина и се уште предизвикува лавина коментари низ целиот регион.

Брена пред камерите пееше во долг црн вечерен фустан, креација на Борис Краготиќ од Сплит, на кој беше насликано голо женско тело со златни светки на предната и задната страна, а со овој својствен и пред се храбар моден избор таа никого не остави рамнодушен.

-На нашите лажни моралисти, кои ги има премногу, се што е нормално не привлекува внимание, а оваа мала провокација во форма на фустан им пречи… Каков лажен морал – изјави Брена за Слободна Даламација.

-Додека во денешно време партнерите си ги убиваат жените, ги силуваат девојките и не ги прифаќаат правата на геј популацијата, а да не зборуваме за војната во 21 век и ширењето на верска и национална омраза…, насликани златни гради на фустан се проблем?! Па, тие се мојот мал придонес за сите лажни моралисти во овие сурови времиња во кои живееме – вели пејачката.

На прашањето што сака да каже со тоа, Брена рече: – Без жени немаше да има човечност! Затоа, фустанот е посветен на симболот на мајките и жените ширум светот. Венера! Таа е древен симбол на женската енергија, љубов и убавина. Затоа, овој фустан е симбол на Венера, самосвесна жена. Истиот стил на облекување прв го создаде Жан Пол Готје за Бијонсе. За мене го направи Борис Карготиќ, сопственик на брендот DeMode, родум од Сплит. Многу модерен, авангарден и креативен, во кариерата соработуваше со Мадона и веќе споменатата Бијонсе, изјави Лепа Брена.

Најчитани вести