Ковачевски со поддршка за хуманоста: Сите средства се за СОС Детско село, честитки за организацијата,

Актуелните македонски ракометни репрезентативци и ветераните вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ одиграа ревијалeн натпревар со хуманитарен карактер. Сите приходи од билетите за овој ракометно-музички спектакл „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село.

Победија актуелните репрезентативци со 25:21.

На натпреварот беше и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски со семејството.

“Вечерва беше посебно убава – во име на хуманоста, за првпат, на ревијален натпревар, ги гледавме заедно на терен поранешните и актуелните репрезентативци, македонските ракометни легенди од оваа и изминатите генерации кои постигнаа големи успеси и нѐ направија навистина горди низ годините.

Денес го славевме ракометот, но и ги поддржавме најранливите, децата и младите без родителска грижа, преку хуманитарна акција. Сите средства од овој ревијален натпревар беа наменети за СОС Детско село.

Честитки за организацијата, навистина незаборавно искуство”, напиша Ковачевски на својата Фејсбук страница.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести