Пејачот Тони Цетински (53) пред шест години го напушти Загреб и по 25 години поминати во метрополата ѝ се врати на родната Истра. Цетински не крие дека животот таму му е навистина добар. Со своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм тој сподели фотографија на која се фали со плодовите од неговата градина во Ровињ.
„Плодовите на градината на моето родно место. Стоп за ГМО“ – напиша музичарот во описот на неколкуте фотографии на кои се гледаат домашни портокали и лимони. По објавата следеа бројни коментари, а меѓу нив беше и коментарот на неговиот брат Матео, кој насмеа многумина.
„Зошто сè си обрал?“ – праша Матео, на што Тони одговори дека оставил дел од работата и за него.
Инаку, Тони и неговиот помал брат Матео (49) тргнаа во ист правец – музиката и отсекогаш си биле голема поддршка во сè. Иако не позираат често заедно, поради што нема многу заеднички фотографии, тие се многу блиски. Браќата Цетински неодамна изненадија многу фанови со симпатична заедничка фотографија што Матео ја објави на неговиот профил.
-Вака наопаку изгледаше 2022. Најлошата година во мојот живот. Но, ние ѝ го свртевме грбот и гледаме напред, а жените се секогаш тука да ни го штитат грбот. Затоа што тие се посилниот и поопасен пол!“ напиша меѓудругото музичарот и дизајнер.
„Мојот помал брат. Го сакам мојот помал брат“ , коментираше Тони.
Инаку, Матео освен со музика се занимава и со внатрешен дизајн, накит, реставрација на мебел, сликарство…
„За некого тоа е медитација, за некого јога, за некого храм. За мене, кога ќе ја земам четката или кога правам нешто со рацете, мозокот ми е на пауза“, откри тој минатата година во интервју за магазинот ИН.


