На завршниот турнир помеѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Американецот Себастијан Корда во Аделаида, на крајот од првиот сет на се случи чудна ситуација. Српскиот ас од трибините го избрка својот аент и брат Марко, менаџерите Едуард и Елена, и одговорната за комуникација со странските медиуми.
Српскиот тенисер и порано имаше слична ситуација во кариерата, кога побара некои луѓе во неговиот шеснаесетник да го напуштат неговиот меч.
Меѓутоа, овој причината е сосема поинаква. Тенисерот ги почитува своите правила кои се состојат од три круга луѓе, во првиот ред седи стручниот тим, зад нив членовите на семејството, а потоа пријателите или деловните партнери. Како сите тие ќе се однесуваат за време на натпреварот е единствена одговорност на менаџерите на Новак.
Novak #Djokovic yelling to his box in Italian to get out after the first set loss against Korda. Looks like his agents and brother Marko left promptly.
— Luka Nikolić (@luksie1) January 8, 2023
📺: @sportklub pic.twitter.com/py6d21p1Ir
Некој од нив не си ја оработил работата како што треба, па затоа „згрмел“ Новак. Што се однесува до Марко, најверојатно и тој не ги почитувал правилата, па Новак и нему му покажа кој е тука главен.
Српските медиуми пишуваат дека сите се избркани затоа што не ги почитувале правилата на седење во ложата на Ѓоковиќ. Овие правила се поставени затоа што тимот на Новак треба да биде фокусиран на натпреварот и да му укаже на можнинте грешки. Изгледа тоа не било случај и сега, па затоа секој си добил тоа што си заслужува.


