Казнети 299 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 299 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 153 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МИА

Најчитани вести