Во 2014 година, Шанел ги лансираше најскапите корпи за пазарување во светот. Се работи за ограничено издание што првпат беше видено таа година на модната ревија есен/зима во февруари. Овој производ беше достапен во две големини, мала и голема, а по изглед идентичен со оние што се користат во продавниците, освен додатокот за твид. Цената за корпите на Шанел беа од 9.000 долари до 12.500 долари, во зависност од големината.
Сега некој одлучил да ги продаде своите веќе користени корпи Шанел, помалата за 22.572 евра, а поголемата, XXL, за 46.588 евра на страницата „Farfetch“.
Изгледа вреди да се инвестира во чантите на Шанел, особено во корпите, бидејќи нивните цени со текот на годините растат.


