Приведен еден од најбараните криминалци во светот: „Босот“ на Коза Ностра

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави локалната новинска агенција Анса.

Денаро се смета за шеф на сицилијанската „Коза Ностра“. Тој е во бегство од 1993 година. Уапсен е во приватна клиника во Палермо.

По Денаро долго време трагаше италијанската полиција, а освен Италија, тој е меѓу десетте најбарани криминалци во светот.

-Апсењето е голема победа за државата која покажува дека не ѝ се предава на мафијата. По апсењето на Тото Рина, пред лицето на правдата ќе биде донесен уште еден шеф на организираниот криминал, Матео Месина Денаро – изјави италијанската премиерка, Џорџа Мелони.

Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.

Тој, исто така, се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе. 

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести