По веста дека го откажал тренингот во Австралија втор ден по ред, тенисерот Новак Ѓоковиќ, сепак, излезе на теренот.
Тој се загрева за дуелот со Роберто Карбаљес Баена.
Српскиот ас претходно денеска беше тргнат од распоредот на тренинзите на Австралија опен, што предизвика сомнеж дека се работи за посериозна повреда.
И покрај тоа, Ѓоковиќ излезе на теренот и се подготвува за мечот против шпанскиот тенисер. Видлив е завојот околу ногата со која Ѓоквиќ има проблеми.
Првиот годинешен грен – слем турнир почнува денеска, а Ѓоковиќ, кој има девет титули на Австралија опен, во првото коло игра против Роберто Кабраљес Баена. Дуелот е закажан за 10:30 часот.
IMPORTANT UPDATE: #Djokovic in practice! #AustralianOpen https://t.co/qPHfotBkka pic.twitter.com/VjTZX5kJEg
— Saša Ozmo (@ozmo_sasa) January 16, 2023


