(ВИДЕО) Ќе погодите ли од што е направен? Mисица го воодушеви светот со овој фустан и испрати силна порака

На овогодинешниот натпревар за титулата Мис Универзум, Американката Р’Бони Габриел ја освои титулата за најубава жена, но интересот на јавноста го доби претставничката на Тајланд. Таа се појави во фустан направен од отпад и со тоа испрати силна порака.

Ан Суеангам-иам три вечери пред финалето на сцената се појави во уникатен фустан со кој испрати силна порака за заштита на планетата.

Фустанот е целосно изработен од отворачи за конзерви, а зад него стои тајландскиот бренд „Manirat“, чии дизајнери користеле алуминиумски отпад, како и кристали Сваровски. Употребата на алуминиумски отпад во производството на овој фустан ја нагласува потребата да се фокусираме на рециклирање и пристапот за „нула отпад“.

Покрај пораката за заштита на животната средина, тајландската манекенка оваа креација им ја посвети и на нејзините родители. Имено, таа израснала во сиромашно семејство, со мајка и татко, кои работеле како чистачи на улици и собирачи на отпад.

Во објава на својот Инстаграм профил, алудирајќи на нејзиното воспитување, Ан Суеангам-иам нагласи дека фустанот е направен за да покаже дека сè на светот има своја убавина и вредност, иако на прв поглед можеби изгледа безвредно.

Изборот за Мис Универзум често наидува на критики и контроверзии, иако организаторите и амбасадорите на натпреварот инсистираат на принципите за зајакнување на понежниот пол и подигање на свеста за важните глобални прашања. Тајландската претставничка е вистински пример за тоа.