Знаци на заболување на црниот дроб може да се појават и на кожата

Црниот дроб е еден од најголемите органи во нашето тело, кој работи напорно за да го одржи здравјето извршувајќи повеќе од 500 основни функции, а кога е оштетен, закрепнувањето е многу тешко. Дека е многу важен орган, говори фактот за неговата улога во следните функции:

– градење на имунолошкиот систем за борба против инфекции преку создавање на протеини одговорни за згрутчување на крвта

– „отстранување“ на стари и оштетени црвени крвни зрнца

– складирање на дополнителен шеќер во крвта како гликоген

Според експертите, болестите на црниот дроб можат да бидат наследни, но можат да бидат  предизвикани и од различни фактори кои го оштетуваат црниот дроб, како што се вируси, консумирање алкохол или дебелина.

Затоа, предупредуваат лекарите, треба навреме  да се препознаат симптомите кои укажуваат на заболен црн дроб, а некои од нив се појавуваат и на кожата.

Некои од нив се: чешање на кожата, појава на модринки,деформација на ноктите, жолтица,црвени точки од кои се шират крвни садови, хроничен,умор,повраќање,темна боја на урината и сл.

Секој од овие симптоми укажува на тоа дека е неопходно да се побара стручна помош бидејќи, иако не е секогаш така, овие појави често укажуваат на заболувања на црниот дроб.