Mинистерот Спасовски изрази сочувство за трагичната несреќа во Украина: Во име на МВР, изразувам најдлабоко сочувство до украинските граѓани, семејствoто, колегите и пријателите на мојот украински колега, министерот за внатрешни работи, Монастирски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, изрази сочувство до украинскиот народ по трагичната хеликоптерска несреќа.

Во име на МВР го изразувам моето најискрено сочувство до народот на Украина, семејството, колегите и пријателите на мојот украински колега – министерот за внатрешни работи Денис Монастирски кој заедно со водството на министерството го загуби својот живот во трагична хеликоптерска несреќа во близина на Киев, напиша Спасовски на Твитер.

Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

-Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на авионската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко.

Најмалку 16 лица загинаа утрово при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести