Спасовски со апел граѓаните да си ги проверат личните документи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска преку својата официјална страница на социјалнaта мрежа Фејсбук упати апел до граѓаните да си ги проверат личните документи.

„Упатувам апел до граѓаните да ги проверат своите лични документи, посебно важноста на патните исправи и, ако имаат потреба од издавање на нови, навремено да ја отпочнат процедурата за да се избегнат летните гужви“, порача Спасовски.

Тој објави и дека во 2022 година МВР издало 364.244 лични карти и 387.208 пасоши.

„Споредбено во 2022 со 2021 година, бележиме зголемување од 40.435 издадени пасоши и зголемување од 43.028 издадени лични карти“, констатираше министерот за внатрешни работи.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести