Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска присуствуваа на литија во Охрид и традиционално фрлање на светиот крст во Охридското Езеро, по повод одбележување на христијанскиот празник Богојавление – Водици.

„Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, со срдечни желби за здравје и духовен спокој.

Сведоштвото за Христовото крштевање го означува Почетокот на обновата, на спасоносната вера, Почетокот на сѐ, преку прочистување или ослободување од гревот. Кога Јован Крстител го крштевал Христа во водите на Јордан се покажала и Христовата мисија како пат на спасението на човештвото. Сведоштвото за духовното раѓање нека донесе единство – eдинствo на умoт, срцeтo и вoлјата, а Богојавленскиот водосвет нека благослови со здравје, љубов, мир и хармонија“, порача министерот Спасовски.


