„И на демантирани лаги ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести. Наќе Чулев наместо да шири лажни вести конечно да се изјасни за неговата инволвираност во кумановските настани“, реагираа денеска од СДСМ напрес-конференцијата на Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ истакнаа дека јавноста очекува одговори од Чулев на овие круцијални прашања, а не измислени приказни.
„Лага до лага, само тоа знаат во ВМРО-ДПМНЕ“, порачаа од СДСМ во своето соопштение.


