Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку својот профил на Фејсбук, потсети на првиот претседател на суверена Република Македонија, Киро Глигоров, кој беше избран на денешен ден.
„На почетокот на 90-тите години, распадот на СФРЈ предизвика воени дејствија кои се ширеа во поранешните републики, додека во нашата држава се етаблираше партискиот плурализам“, напиша Спасовски.
„На седницата на Собранието на 27 јануари во 1991 година, со 114 гласови “ЗА“, Киро Глигоров беше избран за прв претседател на суверена Република Македонија. Нека му е вечна слава на архитектот на современа Македонија“, порача Спасовски.


