„Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ! Во никој случај и од било кого, најмалку некој што доаѓа од надвор“, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“.
Тој додаде дека ние како нација сме гостопримилив народ, кој знае да укаже чест и почит, но мора да бидат возвратени.
„Нема никој дома да ни дојде, да нè понижува нас, македонските граѓани. Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано“, порача Спасовски.


