„Airplane mode “ повеќе нема да биде задолжителен за време на летот

Новата одлука на ЕУ покрена прашања дали во иднина ќе се загрози безбедноста на воздушниот сообраќај доколку патниците не користат „ Airplane mode “. Патниците кои патуваат во ЕУ наскоро ќе можат целосно да ги користат своите мобилни уреди на летовите, бидејќи Европската комисија неодамна одлучи дека авиопревозниците мора да ја обезбедат потребната 5G технологија до 30 јуни 2023 година, со што „ Airplane mode “ ќе стане минато.

„Оваа пресуда ја чекавме 20 долги години“, рече Венс Хилдерман, експерт за воздухопловство и извршен директор на консултантската компанија за авијација AFuzion, додавајќи: „Некои луѓе се загрижени за безбедноста, но сите системи во авионите имаат заштитни мерки и специјални дизајни за да се осигураат да не доаѓа до пречки од паметните телефони. Правилото за ставање на телефоните на авионски режим на работа, објаснува Хилдерман, е осмислено поради различни фази на летот: за време на полетувањето и слетувањето, службите за безбедност во воздушниот сообраќај сакаат патниците да внимаваат на безбедносните упатства и да ги слушаат сите известувања.

„Но, за време на фазата на крстарење, кога авионот само лета, користењето на телефонот не е важно – патникот не може да направи ништо за да ги наруши фреквенциите“. Овие правила се донесени кога немаше паметни телефони, а сите имавме модели на Нокиа и телефони на преклопување со многу малку технологија“, вели Хилдерман.

Во САД, технологијата 5G користи различен опсег на радио фреквенции од оние во ЕУ, односно тие се малку повисоки отколку во Европа. Затоа, таа е поблиску до појасот на кој работи уредот за мерење на висината (мери колку е високо авионот над земјата), што е особено важно за време на слетување при лоши временски услови. Поради тоа, неколку американски авио превозници тврдат дека 5G технологијата може да смета на мерачите на височина и другата чувствителна опрема, но поголеми јаз помеѓу тие уреди и 5G појасите во Европа значи дека филтрите за мерење височина подобро ќе функионираат и ќе ги блокираат залутаните 5G сигнали.

„Кога е маглив денот, пилотите не можат да видат ништо кога слетуваат и теоретски е можно 5G технологијата на мобилните кули во близина на аеродромите може да смета на фреквенциите во САД“. Но, Европа работи на различни фреквенции. „Оваа пресуда на Европската комисија воопшто нема да влијае на безбедноста“, смета Хилдерман. Тој очекува САД да ја следат одлуката на Европската унија во рок од три години.

Извор: bastabalkana.com

Најчитани вести