Одредени замрзнати намирници треба да ги јадеме помалку бидејќи нивното поголемо внесување покажа дека го зголемуваат ризикот од дебелина,дијабетес и болести на срцето.

На пример тоа е пица
Оваа намирница е полна со засиени масти и натриум а ако се јаде премногу, постои ризик за дебелина и кардиоваскуларни болести,сметаат стручњаците од оваа област.

Печива се најдобар избор за појадок, но богати се со заситени масти, содржат шеќер кој го зголемува ризикот од дијабетес 2 и дебелина..
Колачи

Желбата за слатки е присутна, но подобро е да стоиме понастрана од оние во замррзната форма зашто имаат ограничена хранлива вредност а можат да доведат и до дебелеење.
Готови оброци
Брзи се и пријатни за јадење, но и тие се збогатени со заситени масти и натриум.
Пржена храна или помфрит

Пржената храна иако е превкусна, особено онаа замрзнатата во која има конзерванси, е богата со заситени масти и натриум.
Вo 2013 година на Универзитетот во Џорџија пак е спроведена студија која покажала дека овошјето и зеленчукот кои се замрзнати во свежа состојба ги содржат хранливите вредности исто како првиот ден кога сте ги купиле. Но доколку стојат неколку дена во фрижидер, овошјето и зеленчукот ќе имаат помалку витамин А и Ц од оние кои се замрзнати.


