Бекер: Новак како дете си постави цел да биде најдобар и е на прагот да ја оствари

Шесткратниот грен слем шампион Борис Бекер смета дека победата на Австралија опен ќе му помогне на Новак Ѓоковиќ да ја оствари својата главна цел во кариерата.

– Новак има 35 години и знае дека на 40 нема да може да покаже такви резултати. Мислам дека по Австралија опен ќе има неверојатен период. Во Париз и на Вимблдон ќе има сосема поинаков настап и сосема поинаков обем на работа. Успехот е сон на неговиот живот, тој сака да стане најуспешниот играч во историјата. Како дете, рече: „Јас ќе бидам најдобар“, и беше во право. И сега тој е на прагот, изјави бекер.

Ѓоковиќ минатиот викенд го освои Австралија опен 2023. Србинот стигна до 22. Грен слем трофеј во кариерата. Според овој индикатор, тој се израмни со Рафаел Надал. 

МИА

Најчитани вести