Од компанијата „Макпетрол“ потсетија дека набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските регулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината.
Но, по овие случувања, во редакцијата на АГРОТИМ се јавија голем број земјоделци, кои се засегнати од оваа ситуација. Имено, тие веќе започнуваат со работа на нивите, а за тракторите да можат да работат, земјоделците мора да наточат бензин или нафта во канти.
„Земјоделец на кој основна дејност му е земјоделство и кој работи со трактор (бидејќи тракторот му е алат) и живее во населено место од каде најблиската бензинска пумпа му е на 15 км, денес оди да наточи 10 литри нафта за да врши дневни активности и таму налетува на некаква си интерна уредба од нафтената компанија дека нафта во туби не давале.“
„Денес бев вратен од бензинска со туба за нафта за тракторот. Ми рекоа дека сипаат гориво само во резервоари во возила, па како ние земјоделците ќе сипаме гориво за нашите потреби, сега почнуваме сите по нивите да работиме, дали може некој да ми објасни?“
Ова се само дел од реакциите на земјоделците, кои се надеваат дека оваа одлука ќе се преиспита и ќе се земе предвид нивната состојба и нивните потреби.
Извор – АГРОТИМ
]]>


