Министерот Николовски најави мерка за покривање на трошоците за набавка на вештачки ѓубрива за прихрана на посевите

Преземаме мерки за намалување на трошоците на земјоделците. На денешниот состанок со подсекторската група за житни култури, се договоривме преку планираната Програма за интервентен фонд што за прв пат се воведува од оваа година, да се обезбеди поддршка за покривање на трошоците за набавка на вештачки ѓубрива за прихрана на посевите.

Според анализите поради регистрираниот пораст на цените на вештачките ѓубрива преку интервентниот фонд планирана е поддршка од 2 500 денари по хектар за направен трошок за набавени вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар.

Државата ќе биде секогаш тука за да им помага на земјоделците кога се јавуваат вакви кризни ситуации и раст на цени.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Корисници на оваа подмерка се носители или членови на земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани површини со пченица и јачмен. Услов за користење на оваа финансиска поддршка е  при поднесување на барањата за субвенцијата физичките лица да приложат фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда или испратница) каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми, а правните лица ќе треба да приложат фактура со испратница каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми вклучително и доказ за извршено плаќање по фактура односно уплатница или извод од банка.

За оваа намена преку интервентниот фонд кој за прв пат се воведува оваа година, се планирани околу 120 милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на трошоците за ѓубрива. Конкретно, според анализите поради регистрираниот пораст на цените на вештачките ѓубрива планирана е поддршка  од 2.500 денари по хектар за направен трошок за набавени  вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести