(ВИДЕО) Директорот на ЦИА: Путин е лут, не го освои Киев за два дена како што планираше

Вилијам Брнс, директор на Централната разузнавачка агенција верува дека Русија нема да се откаже и дека Владимир Путин е лут и фрустриран што не го освоил Киев за два дена, како што планирал.

– Мислам дека Путин сега е лут и фрустриран. Веројатно ќе вложи повеќе напори за да ја скрши украинската армија без разлика на цивилните жртви, рече Брнс и додаде дека САД споделиле „значајни разузнавачки информации“ со Украина.

Брнс рече дека тој и аналитичарите на ЦИА не гледаат како Путин може да ја постигне целта да го заземе Киев и да ја собори владата на претседателот Владимир Зеленски со „промосковска марионетска власт“.

– Не гледам како може да постигне таква цел и каде води тоа. Верувам дека ќе ги удвои своите влогови во следните неколку грди недели … со малку обѕир кон цивилните жртви, рече Барнс.

Тој сепак нагласи дека е „апсолутно убеден“ оти Украинците ќе продолжат да пружаат отпор „ефективно и решително“ и додаде дека Путин долги години се гуши во сопствената тага и амбиција.

Брнс ја коментираше и ситуцијата на Кина.

„Кина е вознемирена од тешкотиите со кои се соочи Русија по нејзината инвазија на Украина, но решителноста на кинескиот претседател Си Џинпинг во однос на Тајван не треба да се потцени“, изјави директорот на ЦИА.

https://twitter.com/Reuters/status/1501323122259156994
]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести