Казнети 159 возачи во Скопје, 54 за брзо возење

На територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 159 санкции, меѓу кои 54 за возење со брзина поголема од дозволената, седум за возење без возачка дозвола, 11 за возење под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во акциската контрола се изречени и 12 мерки за користење мобилен телефон, 54 за непрописно паркирање…

МВР укажува дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести